Тен Хаг: Го сакаме куп трофејот

Манеџерот на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг, пред дуелот со Ковентри во полуфиналето на ФА купот во недела (16.30 часот) на стадионот „Вембли“ во Лондон, одговори на прашањето дали пехарот ќе значи спас на сезоната.

– Секогаш мораме да ги разгледаме околностите. Размислувам за недела и како можеме да го победиме Ковентри. Правиме планови за наредната сезона, но сега сите мисли ни се насочени само на тој меч.

Сакаме да освојуваме трофеи. Имаме голема шанса бидејќи сме блиску до такво нешто. Треба да најдеме решенија и начин како да стигнеме до финалето, изјави Тен Хаг пред дуелот со Ковентри.

Победничкиот тим ќе добие 1.000.000, а поразениот 500.000 фунти. Финалето ќе се игра „Вембли“ во сабота, на 25 мај.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО