Светската тенисерка број еден, Ига Свијатек од Полска го заврши настапот на првиот сезонски Грен слем турнир Австралија Опен, откако беше поразена од Чехинката Линда Носкова со 3:6, 6:3, 6:4 во третото коло во сабота.
-Останав без зборови, знаев дека ќе биде неверојатен меч со светската тенисерка број еден и таков играч, но не мислев дека вака ќе заврши, изјави 19-годишната Носкова по мечот и доаде:
-Навистина ми е драго што поминав низ овој круг.
Со реакција се јави и поразената:
-Се чувствував како да имам се под контрола до брејкот во вториот сет, изјави Свјатек и продолжи
-Имав неколку шанси за брејк во вториот сет и не ги искористив. Штета. Таа беше проактивна. Понекогаш брзав. Не си играв со мојата интуиција и природно“.