(ФОТО) Покрај Ѓоковиќ и Алкараз ќе настапи на спектаклот во Доха

Шпанскиот тенисер, Карлос Алкараз, ја прифати поканата за учество на турнирот од серијата 500, што ќе се одржи од 15 до 22 февруари 2025 во Доха, Катар.


Очигледно, Блискиот Исток стана магнет за најдобрите светски тенисери, а настапот на овој настан неодамна го потврди и Србинот, Новак Ѓоковиќ. Во Доха би требало да има најмалку седум од десетте најдобри тенисери на светот, меѓу кои Јаник Синер, Данил Медведев, Андреј Рубљев, Алекс де Минор, Григор Димитров…

Секако, списокот со учесници се’ уште не е комплетиран и има простор уште едно големо име да го потврди доаѓањето на овој турнир.

По 32 години постоење, овој турнир успеа да се искачи на ниво од серијата 500, а последен шампион беше Карен Хачанов. Ѓоковиќ двапати победи, во 2016 година кога во финалето го победи Рафаел Надал, а една година подоцна Енди Мареј.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО