Арсенал со „петарда“ против Палас

Во натпреварот од 21. коло на Премиер лигата, фудбалерите на Арсенал убедливо го совладаа Кристал Палас. Избраниците на Микел Артета победија со 5:0.

Арсенал поведе во 11. минута по корнерот кој го изведе Деклан Рајс, а Габриел извонредно скокна и ја испрати топката во мрежата. Во 37. минута Арсенал поведе со 2-0 по несмасниот автогол на Дин Хендерсон.

По еден час игра и проверка на ВАР, Арсенал имаше 3:0, овој пат Леандро Тросар ја смести топката во мрежата.

За продолжение на голови, на Емирати требаше да почекаме до судирот, кога Арсенал уште двапати ја затресе мрежата на Палас. И двата пати стрелец беше Габриел Мартинели.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО