ЛН: Мечот Шпанија – Холандија ќе се игра во Валенсија

Шпанија, актуелниот европски првак, реванш четвртфиналето во Лигата на нации (ЛН) против Холандија ќе го игра во Валенсија, соопшти денеска Шпанскиот фудбалски сојуз (ФСШ).

Тој меч треба да се одигра на 23 март на стадионот „Месталја“ во Валенсија. Три дена порано, на 20 март во Ротердам, на „Де Кујп“м Холандија ќе ја пречека Шпанија во првиот четвртфинален дуел.

ФСШ последен го објави името на стадионот на кој ќе се играат четвртфиналните натпревари, за разлика останатите седум учесници во ЛН кои многу порано објавија каде ќе ги играат тие натпревари.

Хрватска на 20 март ќе ја пречека Франција во Сплит, на „Пољуд“ а реваншот е три дена подоцна на стадионот „Сен Дени“ во Париз.

Данска ќе ја пречека Португалија во Копенхаген, на стадионот „Паркен“, на 20 март, а реваншот ќе се игра на 23 март, на стадионот „Хозе Алвалада“ во Лисабон.

Италија ќе игра со Германија во Милано на „Сан Сиро“, на 20 март, а три дена подоцна „панцирите““ ќе ги пречекаат „азурите“ во Дортмунд, на стадионот „Вестфален“.

Победникот од овој двомеч ќе биде домаќин на завршниот фајнал-фор турнир во ЛН во терминот од 4 до 8 јуни 2025-та.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО