Струмица 2001 е нов суперлигаш

Првата македонска лига има нов шампион а тоа е екипата на Струмица 2001 која што во серијата за пласман во ранг погоре беше подобра од екипата на Бутел од Скопје.

Во одлучувачкиот дуел, струмичани беа подобри со конечни 81:76, и победија во серијата со конечни 2:1.

Струмичани имаа постојано водство во текот на сите 40.минути, и во ниту еден момент не му дозволија на гостинскиот тим да се понадева, да размислува за било какво изненадување.

По првиот период од играта имаа водство од (22:19), кое го зглемија до одморот, имаа плус 7, (45:38).

Ништо не смени и по паузата од 15.минути, струмичани беа сигурни и во продолжението од играта, во кое дојдоа и двоцифрено водство, а по три одиграни четвртини имаа позитива од (69:60).

Сосема доволна за освојување на вториот и одлучувачки поен во серијата која го даде новиот член на Супер лигата во натпреварувачката сезона 2026/2027.

Димитар Пандев реализираше 30.поени со кои го предводеше струмичкиот тим до крајната цел.

Му помогнаа Александровски, кој постигна 17.поени и Јовановиќ кој запре на 11. реализации.

Во гостинската екипа, капитенот Мартиноски даде 15.поени, Андоновски имаше 12, а искусниот Јанески ја заврши сезоната со десет реализирани поени.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО