Стручна анализа на Рене Стабс: Зошто Синер е подобар од Алкараз, а е млада верзија на Ѓоковиќ

Некогаш првата тенисерка во светот, смета дека италијанскиот тенисер Јаник Синер, неодоливо потсетува на Новак Ѓоковиќ од младите денови.

Младиот тенисер од Италија во јануари го освои својот прв голем трофеј, гренд слем турнирот во Австралија, а подоцна славеше и во Ротердам во нешто послаба конкуренција.

Тоа донекаде му донесе и скок, тој ја запоседна третата позиција, која беше најдобар ранкинг во неговата кариера.

– Мислам дека Синер во себе крие повеќе од она што луѓето го гледаат во Алкараз, мислам дека може да биде далеку подобар од него. Мислам дека неговата игра на мрежа полека се поправа и тоа ветува. Тој е некоја рана верзија на Новак Ѓоковиќ и неговата кариера, порача Рене Стабс.

Ваквата теорија може да биде реална, бидејки Синер по триумфот во Австралија годинава, го гледаат заедно со Алкараз како идни наследници на Ѓоковиќ и Рафаел Надал.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО