Фердинанд тврди: Артета 100 отсто би го напуштил Арсенал за трансфер во Манчестер Јунајтед

Рио Фердинанд гостувајки во еден поткаст посветен на Манчестер Јунајтед, имаше интересен коментар за тренерот на Арсенал, Микел Артета.

Зборувајки на повеќе теми, се допре до тема за некој иден тренер на Јунајтед, а легендата на овој клуб, верува дека Микел Артета доколку му се пружи шанса во иднина да стане тренер на „црвените ѓаволи“, секако ќе го напушти Арсенал, иако навивачите тоа нема да му го простат и ќе му најдат замерка.

Шпанецот е тренер на Арсенал од 2019 година, кога дојде како замена за Унаи Емери кој тогаш заработи отказ и „топчиите“ од тогаш наваму бележат евидентен прогрес во играта, но доколку некогаш се случи трансфер во Јунајтед, тоа на Артета ќе му го залепат како „предавство“.

Арсенал како минатата, така и оваа, се во битка за титулата, што е секако напредок во нивните амбиции, споредено со она што го имаа претходно како амбиција,  а тоа е заслуга само на Микел Артета.

– Сметам дека Артета ќе го напушти Арсенал без проблем доколку се интересираат од Манчестер Јунајтед за него, 100% сум сигурен во тоа. Не велам дека тоа се случува, или дека ќе се случи, но доколку Јунајтед би бил заинтересиран за него, тој и тоа како ќе размисли. Верувам дека доколку се случи таква ситуација, Артета на фановите на Арсенал ќе им каже, слушајте луѓе, ова е емотивно за сите, но морам да одам чекор напред, мора да го направам тоа, порача Рио Фердинанд.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО