Спортскиот директор на Милан си замина поради несогласување со Ибрахимовиќ?

Антонио Д’Отавио повеќе не е спортски директор на Милан, пренесуваат повеќе италијански медиуми. Причина за неговото заминување од клубот е несогласувањето со Златан Ибрахимовиќ, кој ја има улогата на виш советник во Милан.

Работата на Ибрахимовиќ е прилично недефинирана, но во неколку наврати Швеѓанецот за медиумите изјави дека тој е газда во Милан и оти сите нему му одговараат!

– Јас сум одговорен, јас сум шеф и сите работат за мене. Кога лавот заминува, мачките го водат орото. Но, кога лавот ќе се врати, мачките се кријат. Ние сме на многу ниско ниво овде, имаме за многу работи да разговараме, изјави Ибрахимовиќ за ЕСПН пред четири месеци.

Италијанците пишуваат дека Д’Отавио имал некои несогласувања со Ибрахимовиќ и дека се согласил за раскин на договорот. Тој беше во клубот од 2017 година, најпрвин како скаут, за да потоа се искачи до местото спортски директор.

На Милан не му оди баш најдобро сезонава. Со новиот тренер Пауло Фонсека се на 17. место на табелата во Лигата на шампиони. Во италијанскиот шампионат Милан е на седмото место и 12 бода зад лидерот Аталанта.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО