Тренерот на Никола Јокиќ најавува големи промени во Денвер

Тренерот на Денвер нагетс, Мајкл Мелоун, навести дека еден од стартерите, Џамал ​​Мареј ќе мора малку да се „пресели“ на клупата.

Нагетс не игра добро сезонава и моментално има скор 12:10, што е многу полошо од очекувањата на навивачите. Затоа се’ повеќе се шпекулира за промени во тимот, пред се’ преку тренерските потези или со некои евентуални трампи.

Поради тоа што генералниот директор на Денвер, Келвин Бут, им даде вносни договори на Мареј и на Портер, речиси е невозможно да доведат нови играчи како што е Џими Батлер, на пример, што значи дека ќе мора да смени нешто во постоечкиот ростер…

Што би можел да направи тренерот Мелоун? Тој веќе имаше можности за тоа поради повредите на Мареј и на Гордон, па мораше да менува, и тоа што го виде му се допадна. Тој размислува сериозно да ја прилагоди минутажата на некои играчи, во краен случај, дури и да ги смени стартерите.

Во интервју за локална радио станица во Денвер, Мелоун истакна дека многу му се допаѓа начинот на кој соработуваат трипл-дабл „машините“, Вестбрук и Јокиќ, што може да значи дека почесто ќе ги гледаме на паркетот.

– Кога Расел Вестбрук е на теренот со Никола Јокиќ, се случуваат добри работи… И пред да се повреди ​​Мареј, го испраќав Вестбрук порано на теренот затоа што тоа дуо донесе многу добри работи, и во одбраната и во нападот. Ќе пробаме да имаат што е можно повеќе минути заедно во претстојниот период, навести Мелоун.

Вестбрук најчесто ги почнува натпреварите од клупата за резерви и во просек игра 25 минути по натпревар. Постигнува просечно по 11,3 поени, забележува 6,4 асистенции и четири скока, со нешто послабо шутирање од поле, 40 проценти.

„Расел Вестбрук игра импресивно, имаше 11 асистенции против Атланта, па самиот потоа ми рече: Имам луксуз да играм со најдобриот на светот, со Јокиќ, па кога не знаеш што да правиш со топката, секогаш е добар потег да му ја додадеш.

Убаво е да се види тоа, има хемија меѓу нив, не сум изненаден бидејќи тој е ветеран и има одличен коефициент на интелигенција, вели Мелоун“.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО