Евролигата со висока парична казна за Партизан

Евролигата го казни белградски Партизан со парична „глоба“ за тоа што се случи на мечот со Панатинаикос во 14. коло. Станува за сума која воопшто не е занемарлива, односно изнесува 34.000 евра!

Како причина за казната се наведува дека Партизан не ги превзел потребните превентивни мерки за да не дојде до инциденти на натпреварот против Панатинаикос во 14. коло од Евролигата.

Да потсетиме, Партизан неодамна беше казнет и за инцидентите на мечот со Олимпијакос, кога еден од навивачите втрча на теренот и го оттурна тренерот на гостите, Јоргос Баркокас.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО