(ФОТО) Според „Опта“ Ливерпул, не Сити, е прв фаворит за титулата!

Ливерпул по победата над Брајтон (2:1), и по ремито Манчестер сити – Арсенал (0:0) во дербито, се издвои на врвот на табелелата са два бода повеќе од Арсенал, и три повеќе од Сити.

„Црвените“ реално, имаат одлични шанси за освојување на шампионската титула, што го потврдува и Суперкомпјутерот на „Опта статистикс“, компанија специјализирана за проекции и статистичка обработка на случувањата во најважните европски лиги.

По вчерашните мечеви „Опта“, 10.000 пати го симулирал крајот на првенството во Премиер лигата и за прв пат сезонава, фаворит за титулата не е Манчестер сити.

Во речиси 47,7 отсто од симулираните случаи титулата ја освоил Ливерпул, што е за 12,4 насто повеќе отколку пред 30-то коло. На Сити му се даваат 33,5 отсто шанси за титулата, што е помалку од 12,4 отсто, а Арсенал и натаму има 18,8 отсто за титулата.

Сити освои пет од последните шест титули, а во 2020 година шампион беше Ливерпул, за прв пат по пауза од 30 години. Арсенал последен пат беше шампион пред 20 години, во 2004-та, кога не претрпе ниту еден пораз.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО