Баер ја прослави титулата – Чаби Алонсо со неверојатен гест кон навивачите

Баер Леверкузен денеска ја прослави и официјално првата и историска шампионска титула во Бундеслигата.

Еден од најзаслужните за овој подвиг е секако тренерот Чаби Алонсо, кој во тимот останува и идната сезона, одлука која наиде на воодушевување кај навивачите.

Попладнево откако Леверкузен победи против Аугсбург со 2:1, лудо ја прославија титулата шампион во Бундеслигата. Во еден момент Чаби Алонсо ја предводеше публиката во навивањето, а трофејот им беше даден на дел од навивачите да го почувствуваат.

Доколку успеат да слават во финалето од Купот на Германија и да го освојат трофејот во Лига Европа, Леверкузен ќе биде првата екипа која освоила тројна круна без пораз.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО