Соопштение на Партизан – околу ситуацијата со Муса и неговиот трансфер во Белград

По веста за астрономската понуда од КК Партизан за босанскиот кошаркар Џанан Муса, се огласија од таборот на „црно-белите“ попладнево и ги демантираа пишувањата од Шпанија.

Шпанскиот лист Defensa Central, синоќа објавија сензационална вест, дека првиот човек на Партизан во договор со тренерот Обрадовиќ, доставиле понуда до Џанан Муса повеќе од милион евра и дека тој ја прифатил – сега е демантирано.

– КК Партизан се огласува јавно со соопштение и демант за веста на Џанан Муса, некој очигледно сака да го дефокусира нашиот тим, сите неточни информации можат да бидат штетни по нашиот клуб.

– Сведоци сме дека во клучниот период од сезоната, се појавува вест околу тоа дека еден од најдобрите играчи на Реал Мадрид ќе го засилил Партизан. Оваа вест не е точна затоа што од клубот никој нема никого исконтактирано во Мадрид, ниту неговиот агент, а воопшто нема ни понуда, порачаа од Партизан.

Со ваков демант, Партизан очигледно сака да ги заштити своите кошаркари од дефокусот на вакви сензационални вести во кошаркарскиот трансфер пазар.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО