Со интересна фотографија Расел го поздрави Хамилтон и му постави еден предизвик!

Џорџ Расел на посебен начин се прости од Луис Хамилтон, кој само уште една сезона ќе биде негов тимски партнер во гаражата на Мерцедес.

Откако беше официјализирана соработката на британскиот возач со Ферари, Џорџ Расел му се обрати со посебна порака на колегата и постави интересна фотографија.

– Беше посебно чувство да се натпреварувам заедно со тебе Луис, ајде да ја направиме сезонава за паметење!.

На сето тоа, Расел постави фотографија заедно со Хамилтон и механичарите, а една е како одмараат во големи пластични кофи со ладна вода, каде се опуштаат по некоја од трките, алудијки дека уште сезонава ќе бидат дел од ист тим.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО