Сон ќе добие нов договор

Луѓето од фудбалскиот клуб, Тотенхем, сакаат да го задржат Кореецот, Сон Хеунг-мин, објавија денеска медиумите во Англија. Сон го облече дресот на „Спарс“ во 2015 година и оттогаш стана вистински миленик на навивачите.

Тие ќе ја искористат клаузулата во договорот со 31- годишниот фудбалер и ќе ја продолжат соработката до 2026 година. Брзоногиот играч во претходната сезона настапи на 36 средби во сите конкуренции со ефект од 17 гола и 10 асистенции.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО