Португалецот Диого Коста (24), стана првиот голман во историјата на Европските првенства (ЕП) кој одбранил три пенали, но и првиот голман кој не примил ниту еден гол во пенал серијата. Со еден збор – херој! Со тоа Португалија си обезбеди место во четвртфиналето во кое ќе се сретне со Франција.
Коста не го криеше задоволството поради настапот на вечрашниот меч со Словенија на ЕП. Коста, кој настапува за Порто, имаше фантастична реакција и во финишот од продолженијата, кога го одбрани ударот на Шешко, а потоа беше неверојатен при изведувањето на пеналите.
– Веројатно најдобриот натпревар во мојот живот. Ги анализирав изведувачите на пенали и навистина многу сум среќен што успеавме да се пласираме во четвртфиналето, потенцираше Коста кого Трансфермаркт го проценува на 40 милиони евра.
3 – Portugal’s Diogo Costa is the first goalkeeper to save three penalties in a UEFA European Championship penalty shootout and also the first to concede zero goals in a Euro shootout. Hero. #EURO2024 pic.twitter.com/zmpz90m7Sw
— OptaJoao (@OptaJoao) July 1, 2024