Воведниот натпревар од 35-тото издание на ПМФЛ, одигран во Кавадарци, домашниот Тиквеш со убедливи 5-1 го победи Арсими.
Целата работа домашниот тим ја заврши уште во првото полувреме во која постигнаа четири голови.
На двапати во листата на стрелците се впиша Нигериецот, Лавал и Сила од Гвинеја. За гостите од Гостивар, гол постигна Рамадани.
Во второто полувреме, Сила пак ја затресе мрежата на гостинскиот тим, комплетирајќи го својот хет-трик.