Солскјер конечно ја призна најголемата грешка во неговиот мандат во Јунајтед

Поранешниот предводник на „црвените ѓаволи“, Оле Гунар Солскјер, конечно смогна сили да ја признае грешката со доведувањето или враќањето назад на Кристијано Роналдо.

Иако во негов мандат се случи враќањето на Роналдо назад во Манчестер, сепак тоа и не беше така добар потег на клубот, бидејки ни португалскиот играч не прогресира со тој потег, а ни клубот немаше некој голем бенефит од тој трансфер.

Но додека Солскјер беше дел од клубот, како да се срамеше да ја признае грешката, односно дека доаѓањето на Роналдо беше тотално концепциски погрешно. Но сега, неколку сезони по неговиот отказ, истакна дека сепак тоа не бил добар потег.

– По самото доаѓање на Роналдо во клубот, дојдоа и барањата од негова страна. Роналдо сам побара да биде стартер на првите три натпревари, а дури на четвртиот резерва. На четвртиот натпревар јас го оставив на клупа, а тој се налути.

– Друг проблем со Роналдо беше тоа што тој не играше во одбрана, не учествуваше дефанзивно. Најголема штета од доаѓањето на Роналдо претрпе Даниел Џејмс, за кој сметавме дека е вистински потег што ќе си замине од клубот, но на крајот се покажа дека погрешивме, истакна Норвежанецот.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО