Кошаркарската репрезентација на Македонија попладнево ќе го има првиот собир за последните два меча од квалификациите за Европското првенство (ЕП), а селекторот Александар Јончевски ќе ги има најсилните адути.
За првпат во составот заедно ќе бидат двајцата евролигаши Ти-Џеј Шортс од Париз и Ненад Димитријевиќ од Олимпија Милано. На Македонија ѝ се потребни две победи на последните две средби против Естонија на гости и дома со Полска.
Играчот Хап од Валенсија е повреден и не може да игра како странски кошаркар, па п напомош е повикан Шортс кој има сезона за паметење во Еврол
Македонија повторно има шанса за учество на Европско првенство по една деценија. Последен пат во европската елита се најдовме во 2015 година на ЕП во Хрватска.