Навивач поуспешен од Лилард во тројки

Во Сан Франциско на НБА Ол-стар викендот најголемо воодушевување кај присутните во Центарот Чејс предизвика 18-годишниот студент Јарен Барахас, кој во конкуренција против Демијан Лилард освои 100.000 долари.

 

Популарниот YouTuber MrBeast и Лилард организираа интересен натпревар на кој еден фан, по случаен избор од публиката, имаше шанса да освои 100.000 долари. Правилата беа јасни. Двајцата натпреварувачи шутираа од центарот, на Лилард му беа потребни три за победа, а на навивачот само еден шут пред истекот на времето.

Лилард погоди двапати, а како што истекуваше времето, Јарен погоди тројка, на задоволство на публиката во салата. “Тоа беше неверојатен момент. Не можев да верувам дека го победив еден од најдобрите играчи во лигата”, изјави Јарен.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ




НАЈНОВО