Лудост на Лапорта: Суперлигата „ќе стартува“, но без Јунајтед, Челси, Ливерпул, Сити, Тотенхем

Се уште се заговара формирање на фудбалска Суперлига, најдоцна до есента 2025 година, а првиот човек на Барселона, Жоан Лапорта, понуди една интересна идеја.

Европскиот суд на вравдата во Луксумбургн донесе во декември минатата година пресуда дека УЕФА нема право да ги спречи клубовите да основаат свое натпреварување, па по таа одлука, од УЕФА појаснија дека ќе бидат сите исклучени кои ќе се навлечат на идејата да се приклучат на т.н Европска Супер лига.

Со оглед на тоа дека скоро сите големи екипи од Англија одбија учество во таа Суперлига, Лапорта порача дека англискиот екипи треба да ги заобиколат и без оглед на се, конечно да се направи тоа првенство.

– Ако не се тргне од следната сезона, ќе тргне од 2025/26. Секој клуб би добил по 100 милиони евра, а тие пари не можат да ги заработат во ЛШ дури и да ја освојат. Колку екипи би учествувале? Барселона, Реал, Интер, Милан, Наполи, Рома, Марсеј, Бенфика, Спортинг, Порто, три холандски екипи, потоа Андерлехт, Клуб Бриж и уште неколку големи екипи. Би имале 16 или 18 учесници.

– Гајле ми е за англиските екипи, тие веќе имаат своја Суперлига. Нашето првенство би се борило со Премиерлигата. Знаеме дека од Англија нема веднаш да ни се приклучат, но ќе настојуваме за тоа, разговаравме со Јунајтед, Ливерпул, Челси, Сити и Тотенхем, порача Лапорта.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО