Словенија ја победи Хрватска со 31:29 во вториот натпревар од групАта А,
важен во борбата за пласман во четвртфиналето на Олимписките игри (ОИ).
По тешката победа над Јапонија, избраниците на Дагур Сигурдсон загубија од еден од главните ривали во битката за место меѓу осумте најдобри. На Хрватска сега ќе и треба најмалку една победа против Германија, Шведска или Шпанија за да оди натаму.
Хрватска на почетокот со одлична дефанзивна игра и дозволи на Словенија само еден гол и поведе со 5:1. Словенечкиот селектор Урош Зорман потоа одговори со Алекс Влах, кој му донесе многу добри работи на својот тим и го одржа во живот.
Еден од клучните моменти на натпреварот се случи во 26. минута, кога на малку бизарен начин, во истовреме беа исклучени Марин Шипиќ и Верон Начиновиќ, па Хрватска две минути остана со четворица играчи.
Во тој период Словенците се „вратија“, голманот Урбан Лесјак одбрани неколку удари, па на одморот се отиде со 13:13.
Клучен се покажа периодот од 44. до 50. минута кога Словенија со серија 5:0 поведе со 25:21 и со тоа создаде предност која Хрватска не успеа да ја стигне
Марио Шоштариќ, Звонимир Срна и Иван Мартиновиќ постигнаа по пет гола за Хрватска, а Блаж Јанц и Алекс Влах со по осум ја предводеа Словенија.