Потреси во српскиот спортски гигант: Партизан ќе го менува името!

Југословенското спортско друштво (ЈСД) Партизан од Белград, Србија, почнува процес за промена на името, беше одлучено на седницата на која присуствуваа 21 од 24 полноправни членови на друштвото, на која претседаваше Остоја Мијаиловиќ, претседателот на ЈСД.

Како што се наведува, предлогот да се исфрли зборот „Југословенско“ од името е прифатен. По повод таа одлука ќе се одржи и јавна расправа на која „црно-белата“ јавност демократски ќе го каже својот став, пренесуваат српските медиуми.

– Предлогот на Управниот одбор на Друштвото за формирање работно тело кое во наредниот период ќе организира јавна расправа во врска со промената на името на југословенското спортско друштво Партизан е прифатен.

На оваа тема долги години се зборува во клубовите и во „црно-белата“ јавност и се добива впечаток дека името ЈСД Партизан се злоупотребува и се омаловажува во јавноста, што предизвикува штета на Друштвото и на нејзините членови, се наведува, меѓу другото, на официјалната интернет страница на ЈСД Партизан.

Медиумите во Србија пишуваат дека на беградскиот и српски фудбалски гигант, Партизан му е забрането да се натпреварува под тоа име, да го користи стадионот на ЈНА и амблемот на клубот!

Засега не е јасно каде Партизан ќе ги игра следните натпревари, бидејќи ЈСД Партизан е сопственик на целиот имот на своите членови, вклучително и на стадионот во „Хумска“.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО