Словенија без Зарабец пред двомечот со Македонија

Словенија ќе биде дополнително ослабена за претстојниот двомеч од квалификациите за ЕП 2026 против Македонија, откако Миха Зарабец поради болка во грбот ќе мора да мирува во наредниот период.

– Повредата не е наивна, добив силен удар во долниот дел од грбот. Инјекциите не ми помагаат, па ќе морам да одам во Кил, за да ми ги „изгори нервите“ на местото на повредата, по што ќе следи пауза од најмалку десет дена, објасни Зарабец.

На негово место селекторот Зорман дополнително го повика левото крило на Загреб, Алекс Кавчич. Само за потсетување, Словенците поради најразлични повреди за двомечот со Македонија не можат да сметаат ниту на Митја Јанц, Нејц Цехте, Рок Овничек, Клемен Ферлин, Домен Новак и на Борут Мачковшек.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ




НАЈНОВО