Скандал со новите фудбалски дресови на Англија, се вмеша и премиерот!

Вистински скандал изби во Англија поради новите дресови на фудбалската репрезентацијата со кои годинава ќе играат на Европското првенство (ЕП) во Германија.

Фудбалската асоцијација (ФА) пред пошироката јавност ги претстави новите дресови, но неколку часа подоцна почнаа критиките кон производителот, Најк.

Интервенираше дури и премирот на Велика Британија, Руши Сунак, кој, исто така, беше огорчен од изгледот на новите дресови.

– Националното знаме е „извор на гордост“ и идентитет. Јас „го претпочитам оригиналот“. Кога станува збор за нашите национални знамиња, не треба да си поигруваме со нив бидејќи тие се показател за тоа кои сме, тие се совршени такви, какви што се, рече тој.

Но, во што е проблемот? Се покажа дека знамето на Англија, кое е прикажано на јаката на дресот не е во традиционалните бои. Ова прв го забележа лидерот на Лабуристичката партија на Англија, Кир Стармер, а неговата критика ја поддржа и премиерот на Велика Британија.

Останува да се види дали ФА и Најк ќе преземат конкретни чекори за промена на бојата на англиското знаме поставено на јаките на дресовите.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО