Симоне Инзаги на мета на Барселона и на три клуба од Премиер лигата

Каталонската Барселона и три врвни клубови во англиската Премиер лига се заинтересирани за услугите на тренерот на Интер, Симоне Инзаги, пренесува „Тутоспорт“.

Италијанскиот стручњак го привлече вниманието, не само на Барселона, туку и на Челси, Манчестер јунајтед и на Ливерпул, кој на крајот од сезонава ќе остане без Јирген Клоп, кој ги предводеше „црвените“ од октомври 2015 година.

Инзаги (47) го презеде Интер во 2021 година, а според информациите што ги објави Трансфермакт, договорот му е до летото 2025 година. Претходно тој работеше во римски Лацио.

Моментално Интер е на првото место на табелата во Серија А и е најсериозен кандидат за освојување на „скудетото“. Во следното првенствено коло Интер на домашен терен ќе игра против Аталанта.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО