Одбојка: Савовски со Војводина го освои Купот на Србија

Одбојкарите на Војводина од Нови Сад се победници на 59. Куп на Србија, за нив 16. титула во ова натпреварување.

Војводина во финалето во Обреновац, пред 2.500 гледачи, го совлада Млади Радник од Пожаревац со 3:1 (25:22, 22:25, 25:22 и 25:21), по 121 минута игра.

За Војводина настапува македонскиот репрезентативец, средниот блокер, Филип Савовски за кого ова е втор трофеј во дресот на клубот од Нови Сад, по триумфот во Супер купот на Србија.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО