Силекс се засили со близнаци – а од клубот открија и кој реномиран бредн ќе ги облекува

Екипата на Силекс во пролетниот дел од полусезоната во ПМФЛ ќе биде предводена од нов тренер откако Александар Васовски беше назначен за нов стратег.

Кратовчани веќе ги започнаа подготовките, а денес од клубот ги објавија и првите две засилувања – и тоа близнаци.

Станува број за браќата Љупче и Ѓорге Џеков кои се продукт на школата на Брера Струмица. Љупче е голман и младински репрезентативец, а Ѓорге е дефанзивец.

Притоа од клубот објавија за уште една нова соработка, но од друга природа:

-На наше огромно задоволство ви објавуваме дека ФК Силекс денес постигна договор за соработка со спортскиот бренд Макрон.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО