Шкупи одново пазари во Африка: Ангажираше млад 19-годишен играч од Гана

Шкупи ги обезбеди услугите на фудбалерот од Гана, Клемент Ансах кој веќе им се приклучи на чаирчани.

Младиот 19-годишен Ансах доаѓа од ганскиот премиерлигаш Бофоаква Тано, на кој му се приклучи откако го напушти својот прв тим Виктори Старс.

Станува збор за талентиран, силен и подвижен играч од средниот ред кој може да игра како централен играч за врска или како офанзивен играч за врска. Ансах потпиша тригодишен договор со Шкупи.

Како што е познато Шкупи во последните неколку години своите засилувања претежно ги базира од Африка, а неколку од нив се покажа и тоа какви засилувања како Ндонг, Дарбое, Адетунџи и слично.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО