Нови малери за Полска: Повредени Левандовски и Свидерски, но не посериозно!

Селекторот на репрезентацијата на Полска, Михал Пробиерц ги коментираше повредите на капитенот, Роберт Левандовски и на Карол Свидерски, кои беа заменети на пријателскиот натпревар со Турција (2:1) одигран синоќа.

– Роберт Левандовски полесно се повреди н не би требало да имаме проблем со тоа. Карол Свидерски го измести зглобот. Но повеќе ќе знаеме дури по прегледот, изјави Пробиерц.

Според медиумите од Полска, повредата на Свидерски (при прославата на голот!) исто така не би требало да го спречи да игра на ЕП. Претходно Полска остана без напаѓачот Аркадиуш Милик кој се повреди на натпреварот против Украина (3:1) и ќе го пропушти ЕП на кое Полјаците се во групата Д, со Австрија, Холандија и Франција.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ







НАЈНОВО