Шпанците со тројца дебитанти на ЕП во Германија

Селекторот на Шпанија, Луис де ла Фуенте го објави прелиминарниот состав од 29 играчи за претстојното Европско првенство (ЕП) во Германија. Тројца играчи ќе отпаднат пред почетокот на турнирот на 14 јуни.

Во поширокиот состав на Шпанија се најдоа и младите, талентирани играчи на Барселона, Ламин Јамал и Пау Кубарси, како и „херојот“ на Реал Мадрид од полуфиналето со Баерн Минхен, Хоселу.

Тројца играчи се дебитанти во репрезентацијата. Тоа се Ајозе Перез (Бетис), Фермин Лопез (Барселона) и Алеикс Гарсија (Џирона).

Од друга страна, крилниот напаѓач на ПСЖ, Марко Асенсио не беше повикан. Фудбалерот на Реал Мадрид, Лукас Васкез, исто така нема да игра на ЕП 2024, како и неговиот соиграч, голманот Кепа Аризабалага.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО