Финале на олимпискиот турнир: Европскиот првак против светскиот вицешампион

Во финалето на Олимписките игри (ОИ) во фудбал ќе играат актуелниот европски првак, Шпанија и светскиот вицешампион, Франција.

Светскиот вицешампион го совлада Египет со 3:1, а европскиот првак, Мароко со 2:1. Двете победи беа постигнати со пресврти.

Египет поведе во 62. минута со голот на Махмуд Сабер, а Жан-Филип Мате им донесе израмнување и победа на Французите со головите во 83. и 99. минута. Конечниот резултат го постигна Мајкл Олис во 108. минута.

Во вториот меч Мароко поведе во 37. минута со голот на Софијан Рахими од пенал, а Шпанија израмни со голот на Фермин Лопез во 66. минута. Конечниот резултат го постигна Хуанла Санчез во 85. минута.

Франција беше олимписки шампион во 1984, а Шпанците во 1992 година.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО