Шпанија најверојатно останува без Педри до крајот на Еуро 2024

Шпанија сè уште е под импресии по драматичната победа од 2:1 по продолженијата над домаќинот Германија вчера, но селекторот Луис де ла Фуенте има сериозни проблеми пред следниот натпревар.

Речиси сигурно е дека играчот од средниот ред Педри веќе го заврши настапот на ЕУРО 2024. Младиот талент на Барселона на самиот старт на вчерашниот натпревар претрпе сериозен удар од Тони Крос и беше принуден да биде заменет.

Сега се чекаат медицинските тестови, но според информациите на „Мундо Депортиво“ Педри има истегнување на левото колено. Допрва треба да се направат повеќе тестови, но повредата најверојатно ќе го оддалечи младиот играч месец до месец и половина од теренот.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО