Шпанецот ќе оди на подолга рехабилитација

Грчкиот Панатинаикос потврди дека Хуан Ернагомез, нема да игра на наредните два меча со Макаби Тел Авив во плеј-оф серијата во кошаркарската Евролига.

Шпанецот се вратил во татковината за да ја санира повредата на левата потколеница од првиот меч. Тогаш играчот на грчкиот состав постигна три поени, имаше девет скока и две асистенции.

Третиот и четвртиот меч ќе се играат на 30 април и на втори мај, а домаќин е тимот од Израел. Сега резултатот е 1:1.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО