Слот би сакал Салах да остане на „Енфилд“

Мохамед Салах би можел да остане кај „црвените“ откако новиот менаџер, Холанѓанецот Андре Слот, потенцирал дека сака да го има напаѓачот во тимот и во наредната сезона.

Според објавата на новинарот Бен Џејкобс на социјалните мрежи, холандскиот стручњак е „исклучително заинтересиран“ египетскиот напаѓач да продолжи со играњето на „Енфилд. Салах сезонава одигра 41 натпревар во сите натпреварувања,  постигна 24 гола и имаше 13 асистенции.

За Салах на кого договорот со Ливерпул му истекува во 2026-та, лани, но и годинава, заинтересирани се повеќе екипи од Саудиска Арабија и нема да биде изненадување доколку тој си замине, јасно за големи пари.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО