Шпанецот ќе биде под посебен режим

Фудбалерот на Реал Мадрид, Хоселу, ќе оди на рехабилитација во наредните три недели бидејќи се соочува со посериозна повреда на десниот зглоб.

Според наведеното, Хоселу ќе го пропушти реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите против РБ Лајпциг на 6 март а целосно треба да се опорави по репрезентативна пауза.

Напаѓачот учествуваше на 35 натпревари на сите турнири на кои постигна 13 гола и четири асистенции. Неговиот договор со „кралевите“ е валиден до летото во 2025 година.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО