Шоуто на Алегри беше најава за казна – која очигледно се случи!

Предводникот на Јувентус, Масимилијано Алегри, е суспендиран на два натпревари и е парично казнет со 5000 евра, од страна на судиите во Серија А поради однесувањето во финалето на Купот на Италија.

Алегри ја загуби својата присебност во судиското надополнување, кога не беше задоволен од една судиска одлука, па дивееше на терен, по што заработи црвен картон бидејки саркастично му аплаудираше на судијата.

Јувентус синоќа го освои Купот на Италија, откако во финалниот меч ја совладаа Аталанта со 1:0, а стрелецот на победничкиот гол беше српскиот репрезентативец Душан Влаховиќ во четвртата минута.

Во извештајот на судијата се наведува дека Алегри се однесувал агресивно кон судијата и дека искористил навредливи и грди гестови кон арбитрите и нивниот личен интегритет.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО