Аврамовиќ со порака пред третиот меч кој Партизан МОРА да го добие!

Партизан губи со 2-0 во серијата од финалето во АБА првенството, така да, на третиот натпревар, нема право на кикс.

По двата меча во „Пионир“, сега серијата се сели во „Арена“, каде Партизан ќе има жестока поддршка од преку 20.000 навивачи, кои ќе треба да им бидат ветер во грбот.

Многу од кошаркарските експерти во соседна Србија по двата порази на Партизан, порачаа низ колумните дека Обрадовиќ за третиот натпревар ќе мора по секоја цена да најде свој Никола Јокиќ, инаку во спротивно ќе заигра метлата на крајот од сезоната.

АБА титулата е директна карта за влез во Евролигата, така да и двете екипи ја посакуваат, но само еден ќе биде победник.

– Знаеме дека ќе има преку 20.000 луѓе на трибините, сега ни е прекупотребна нивната помош и поддршка. Со господ напред, ќе се обидеме да победиме. Дел сум од тимот, задоволен сум со она што го имам, се надевам дека ние ќе триумфираме на следниот натпревар, порача Алекса Аврамовиќ, кого треба да биде клучен играч на третиот натпревар.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО