Шкупи се засили со играчи од швајцарската лига

Шкупи продолжува со засилувањата за новата сезона, а најново име во таборот на чаирскиот прволигаш е 21-годишниот Ардит Дестани, кој настапува на позицијата лево крило.

Младиот фудбалер пристигнува од швајцарскиот третолигаш Парадизо, а во својата досегашна кариера настапувал и за Вадуц – клуб кој важи за сериозна школа за развој на таленти во регионот.

„Презадоволни сме што можеме да го претставиме Ардит Дестани како најново засилување на нашата екипа. Веруваме во неговиот потенцијал и енергијата што ја поседува. Ардит ќе биде дел од нашиот амбициозен проект за новата сезона. Тој е израснат во швајцарскиот фудбал, а настапите за Вадуц се јасен показател за неговиот квалитет“, објавија од клубот преку официјалната страница на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО