Манчестер Сити го комплетираше трансферот на младиот англиски голман Џејмс Трафорд, потврдува трансфер-експертот Фабрицио Романо.
Според Романо, Сити постигнал целосен договор со Барнли, кој за 22-годишниот голман ќе инкасира 40 милиони фунти.
Трафорд имаше блескава сезона во Чемпионшип – на 45 настапи прими само 16 голови, а дури 29 пати ја сочува својата мрежа недопрена.
Сега се очекува да му се приклучи на шампионот од Премиер лигата како конкуренција или долгорочна замена за Едерсон.