Шкендија закажа пет контроли пред настапот во КЛ

Тетовска Шкендија во пресрет на квалификациите за Конференциската лига на УЕФА најави одигрувањ ена пет силни пријателски натпревари.

Сите дуели ќе бидат против екипи кои ова лето ќе играат во Европа. Подготовките на тетовските „црно-црвени“ стартуваат со контролен меч со Тиквеш закажан на 15 јуни, а потоа продолжуваат со албански и косовски тимови.

На 21 јуни Шкендија во Струга ќе тестира со Тирана, на 25 јуни во Охрид ќе се сретне со екипата на Лапи, додека на 29 јуни во Тетово ќе гостува екипата на Дрита. Последниот меч ќе биде на 3 јули против Партизани во Поградец.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО