Никола Калиниќ го облекува дресот на Ц. Звезда

Никола Калиниќ ќе се врати во белградска Црвена звезда. 32-годишниот српски кошаркар во последните две сезони беше дел од екипата на Барселона.

Калиниќ оваа сезона во Евролигата имаше просек од 7,9 поени, 3,7 скока и 2,6 асистенции и се чини не ги оправда очекувањата на Каталонците.

Тој веќе настапуваше за Црвена Звезда во сезоната 2021/22. Според информациите објавени денеска, Калиниќ ќе потпише тригодишен договор вреден 5 милиони евра.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО