Шкендија против Гостивар, кој не знае за пораз од 19 септември

Попладнево од 14 часот се играат пет средби од 20.коло во ПМФЛ. Во дербито на дното Вардар ја дочекува Брегалница, а интересно секако дека ќе биде и на останатите мечеви, пред се под Шара каде што Шкендија го дочекува Гостивар. Гостите не знаат за пораз во ПМФЛ од 19 септември, но тетовци оваа пролет најавуваат жестока битка за титулата и ако некој може да го совлада Гостивар тоа секако дека е тимот на стратегот Јетон Беќири кој ќе ја има поддршката и од своте фанови. Тотре и Дита поради суспензија нема да бидат во тимот, но затоа Адили се враќа во составот.

Брера Струмица како домаќин во Турново ќе го дочека составот на Македонија ЃП. Во Кавадарци очекуваме од Тиквеш и Работнички да одиграат квалитетен и интересен натпревар, веројатно и неизвесен. И Мојсов и Седлоски ќе ја бркаат првата победа оваа полусезона.

Во Охрид дуел меѓу Воска и Силекс. Дуел меѓу стратезите Срѓан Захариевски, кој ќе дебитира за охриѓани и Александар Васоски кој ја чека својата деби победа за кратовци./Sportsport/

ДВОЈКИ ЗА 20.КОЛО – ДЕНЕСКА (14 Ч)

Шкендија – Гостивар

Брера – Македонија ЃП

Тиквеш – Работнички

Вардар- Брегалница

Воска – Силекс

ТАБЕЛА:

Шкупи 42, Струга ТЛ 41, Шкендија 38, Силекс 27, Гостивар 25, Работнички 24, Брера 23, Тиквеш 22, Брегалница 20, Воска 20, Македонија ЃП 18, Вардар 18.

NGA INTERNETI

Related Articles

Back to top button

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО