Шешко минатото лето го одбил Манчестер Ј.

Еден од најголемите таленти на европскиот фудбал, Словенечкиот голгетер Бенјамин Шешко, откри дека минатото лето имал можност да се пресели во тимот на Манчестер Јунајтед, но на крајот одбрал кариерата да ја продолжи во РБ Лајпциг.

Тој во германскиот тим се пресели од Ред Бул Салцбург, а се чини дека неговото име летово повторно ќе се поврзува со голем број клубови.

„Мислам дека беше подобро што дојдов овде. За мене беше важно да одам на место каде што ќе играм фудбал каков што бев навикнат. Веќе знаев што треба да направам и не морав да го поминам целиот тренажен процес“, вели Шешко.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО