Шерер ќе суди на мечот во Варшава

Сандро Шерер од Швајцарија ќе го суди Супер Купот на Европа меѓу шпанскиот Реал Мадрид освојувач на Лигата на шампионите и италијанската Аталанта која го освои пехарот во Лига Европа во претходната сезона.

Средбата е закажана на 14 август на стадионот во Варшава во Полска. Шерер е со знакот на УЕФА од 2015 година и досега се појавил на 86 меѓународни средби под капата на Европската куќа на фудбалот. Тој судеше два меча на последниот Евро-шампионат во Германија.

Помошници ќе му бидат Стефан де Алмеида и Јонас Ерни додека Украинецот, Микола Балакин, ќе биде четврти судија. Во ВАР собата ќе седат: Бастијан Данкерт од Германија, Федаи Шан (Швајцарија) и Кристијан Дингерт (Германија).

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО