Шекил О’Нил требаше да биде „испржен“ на електричното столче во 1999!

Некогашниот НБА ас и легенда на американската кошарка, Шекил О’Нил, неодамна откри дека во минатото му била понудена улогата на Џон Кофи во филмот „Зелената милја“, но тој тоа го одбил бидејки не му се допаѓала.

– Не сакав да играм Афроамериканец во тој период од животот и кариерата. Не сакав да ја играм таа улога, јас требаше да бидам Џон Кофи. Мајкл Кларк Данкан ја одработи перфектно улогата. Мислам дека ја донесов вистинската одлука, затоа што тој подобро ја одигра. Но морам да откријам по долги години дека тоа беше улога наменета за мене, но ја одбив, порача О’Нил.

Тоа е еден од најгледаните филмови на почетокот од 2000-те години и несомнено еден од најславните, а актерот Данкан за оваа улога доби Оскар за најдобра споредна улога.

Но без оглед на се, О’Нил нема за што да жали, бидејки тој период од кариерата ја играше најзрелата кошарка и ги бележеше најдобрите резултати во НБА.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО