ЛЕ: Дуел меѓу водечките тимови во Чешка и во Англија

Во второто според квалитет европско клупско фудбалско натпреварување, Лига Европа (ЛЕ) вечерва ќе се играат првите осминафинални натпревари.

Во еден од поинтересните мечеви, Ливерпул, лидерот во Премиер лигата, и гостува на Спарта во Прага, која исто така е водечка во чешката лига.

Спарта е во добра форма за што говори тоа дека на последните 14 меча забележа 12 победи, едно реми и еден пораз.

Спарта и Ливерпул се сретнаа во 16-финалето во ЛЕ во сезоната 2010/11, а поуспешен беше тимот од Англија (0:0 и 1:0).

„Црвените“ посакуваат пласман во финалето кое ќе се игра во Даблин на 22 мај, и поради податокот од едно истражување од 2020 година во кое се наведува дека 29 отсто од љубителите на фудбалот во Ирска навивааат за Ливерпул!

Двојките се следните:

Спарта Прага – Ливерпул

Рома – Брајтон

Бенфика – Ренџерс

Фрајбург – Вест хем

Карабаг – Баер Леверкузен

Марсеј – Вилјареал

Милан – Славија Прага

Реванш мечевите ќе се играат на 14 март.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО