Карлос Алкараз – момчето кое ќе освои нереален број грен слем титули!

Последната титула на Карлос Алкараз минатата сезона се случи на Вимблдон.

Оtтогаш тој одигра само едно финале и во спектакуларен меч загуби од Новак Ѓоковиќ во Синсинати. Полуфиналето на САД опен и завршниот Мастерс сепак не беа голем успех за него.

Но очекувањата од публиката кон младиот Шпанецот се огромни, а тоа го потврдува и изјавата на некогашниот американски тенисер Рик Мејси.

– Мислам дека Карлос Алкараз ќе освои голем број грен слем титули, што тоа ќе биде нереално. Според мое мислење, Карлос ќе биде пред сите, а ќе биде и лидер на новата генерација тенисери. Прашање на време кога ќе го освои следниот грен слем.

– Алкараз ќе оди на едно повисоко ниво оваа 2024 година, тој ги има најдобрите предиспозиции да биде најуспешен од сите останати тенисери во иднина, уверен сум во тоа, тој е комбинација на Надал, Ѓоковиќ, Федерер и Агаси, порача Рик Мејси.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО