Голманот на каталонскиот гигант Барселона за медиумите во Полска истакна дека се договорил со раководството на Барса да ја продолжат соработката најмалку за уште една година.
Познато е дека Шчесни (35 г), во Барселона дојде да биде резерва откако се повреди Тер Штеген, но набрзо не само што стана прв голман туку беше и еден од клучните фактори во тимот на Ханси Флик за освојување на трие трофеи сезонава.
-Да, се договорив со Барса. Ќе потпишам едногодишен договор со опција за уште една сезона“ истакна Шчесни.